Вкусна риба ослич со лук кој дава неверојатна арома на јадењето.
Ова е рецептот:
Состојки:
- 1 кг ослич
- 5 чешни лук
- маслиново масло
- 1 сок од лимон
- сол
Начин на подготовка:
- Се чисти рибата, се мие и се остава да се исцеди. Се чисти и сечка лукот, па со него се полни рибата.
- Се става сол и од внатре и од надвор.
- Врз рибата ставете потешка даска за сечење, па нека стои така за убаво да се залепи и да не излезе лукот. Може да ја оставите неколку часа, или преку ноќта.
- Ставете ја рибата да се вари, но внимавајте да не се распадне, може да ја прицврстите и со чепкалки или готварски конец.
- Кога ќе омекне ставете и лимонов сок, маслиново масло и ставете кругови лимон за декорација.
Напомена: По вкус можете рибата наместо да ја варите, да ја ставите да се пече на скара, плотна или во рерна.
На здравје!
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
Совршен рецепт за риба деликатес
ВИДЕО РЕЦЕПТИ за посни пити, посни салати и риба
Малку време за деликатес: Риба полнета со компир