Југословенски колач со пудинг

Југословенски колач со пудинг

Овој едноставен колач бил во мода во седумдесетите години, а денес е малку подзаборавен…

Состојки:

  • 5 јајца
  • 7 лажици шеќер
  • 5 лажици брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 1 кг јаболка
  • 200 гр шеќер
  • 2 кесички пудинг од ванила
  • 2 кесички шлаг

Начин на подготовка:

  1. Пет цели јајца разматете со седум лажици шеќер. На крај лесно измешајте пет лажици брашно измешани со прашок за печиво. Печете во намастен и побрашнет плех, на 180 степени, додека не порумени. Печениот пандишпањ оставете го да се излади, а за тоа време подгответе го филот. 
  2. Излупте и и исчистете од семки килограм јаболка, потоа исечете ги на коцки. Ставете ги во лонец со 900 мл вода и 200 гр шеќер и ставете да се готват неколку минути. Потоа извадете ги јаболката и оставете ги да се изладат, па распоредете ги на пандишпањот. 
  3. 100 мл вода разматете со две кесички пудинг, ставете во водата во која се готвеле јаболката, па згответе. Додека е врел, прелијте го пудингот преку јаболката, и оставете да стегне на студено место. 
  4. Изладениот колач премачкајте го со разматен шлаг.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text