Солени цветчиња полнети со сирење и спанаќ (Видео)

Солени цветчиња полнети со сирење и спанаќ (Видео)

Меко, сочно и вкусно солено печиво кое се подготвува со задоволство…

Состојки:

  • 400-500 гр брашно
  • 20 гр квасец
  • 2 јајца
  • 300 мл млеко
  • 50 мл масло
  • 1 лажичка шеќер
  • сол
  • 200 гр сирење
  • 150 гр спанаќ
  • 1 јајце

Начин на подготовка:

  1. Растопете квасец во млако млеко, додајте шеќер, 1 јајце, брашно, масло и замесете меко тесто. Оставете да нарасне, развлечете на половина сантиметар и пресечете на квадрати. 
  2. Спанаќот обварете го и исечкајте го, додајте сирење и јајце, па измешајте. Секој квадрат од секој агол исечете го со нож до средина, па ставајте фил. 
  3. Секој квадрат свиткајте го околу филот како што е прикажано во видеото. 
  4. Премачкајте со жолчка, оставете малку да нарасне, па печете на 200 степени околу 30 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text