Торта која ќе ја правите и кога не постите!
Состојки:
- 200 гр посни бисквити
- 1 кг јаболка
- 200 гр шеќер
- 1 ванилин пудинг
- цимет по вкус
- 300 мл вода
- шеќер во прав
Начин на подготовка:
- Исчистете ги и изрендајте ги јаболката, па со шеќерот ставете ги на оган, додајте половина од водата и цимет по вкус.
- Кога јаболката ќе пуштат вода згответе ги, па разматете пудинг со остатокот од водата и згответе го пудингот во јаболката.
- Бисквитите поделете ги во три дела, па наредете го првиот ред и ставете половина од врелата смеса, па преку наредете го другиот ред бисквити и прелијте со остатокот од филот. Наредете го и третиот ред со бисквити па оставете да се излади. Потребен ви е подлабок плех 20х30 см.
- Изладената торта ставете ја во фрижидер уште малку, посипете со шеќер во прав и послужете.
Уживајте!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега