Направете вкусни пирошки со компир, кои совршено ги заменуваат оние со месо или сирење и шират супер арома.Ова е рецептот за вкусниот појадок готов за 40 минути.
Состојки:
- 300 гр. варен компи
- 100 гр. растопен маргарин
- 600 гр. брашно
- 2 јајца
- 200 мл. млеко
- 1 лажиче шеќер
- ½ коцка квасец
- 1 лажиче сол
Фил:
- 2-3 лажици кајмак
- 100 гр. шунка
- оригано
- кечап
Начин на подготовка:
- Компирот се мие и лупи, па се вари во солена вода, а додека се вари се растопува квасец со млако млеко и шеќер и брашно. Се остава да надојде.
- Се пасира варениот компир, му се додава маргаринот, се прави пире, се додава надојдениот квасец со сите намирници за тесто, па се меси тесто кое не треба да се лепи за раце.
- Се прави кора, се сечат квадрати и се филуваат. Се става кечап, оригано, кајмак и сечена шунка.
- Се прават пирошки или ролнички, внимателно се затвараат за да не истече филот.
- Се пржат на врело масло. Не ви треба многу бидејќи не впиваат многу маснотија.
- Потоа, се цедат на салфета.
- Послужете со јогурт, кајмак или павлака.
Пријатно јадење, вкусни се и ладни!
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Појадок со кој ќе топите килограми
Кралски појадок со кој ќе слабеете
Почнете го денот со витаминска бомба
Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен
Појадок со кој ќе топите килограми