Вакви свински ребра немате пробано

Вакви свински ребра немате пробано

Мешавината од зачини им дава пикантна нота на свинските ребра.

Состојки:

  • кора од половина лимон
  • 2 лути црвени пиперчиња
  • 2 чешниња лук
  • неколку гранчиња коријандер
  • 20 гр рендан ѓумбир
  • 50 гр кафеав шеќер
  • 150 мл пиво
  • 100 мл кечап
  • 100 мл соја сос
  • 2 лажици ворчестер сос
  • бибер
  • 1,5 кг свински ребра

Начин на подготовка:

  1. Кората од лимон исчистена од белиот дел, лутите пиперчиња, лукот и коријандерот ситно исечкајте ги, измешајте со ѓумбир, шеќер, пиво, кечап, ворчестер и соја сос, додајте малку сол и бибер па оставете ги ребрата да отстојат 8 часа во маринадата во фрижидер. 
  2. Извадете ги ребрата и печете ги околу 40 минути на скара вртејќи ги и премачкувајќи ги со останатата маринада.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте