Сите љубители на врел леб од пекара сигурно ќе го засакаат и овој полнет леб. Може да се послужи со некое јадење, но и како предјадење, бидејќи е специјалитет сам по себе.
Состојки:
- 450 гр брашно
- 1 свеж квасец
- 1 лажица шеќер
- 300 мл млеко
- 75 гр сушени домати
- 200 гр сирење
- 20 гр рендан пармезан
- 1/2 лажица сув босилек
- масло
- сол
- мелен црн бибер
Начин на подготовка:
- Во тенџере на шпорет ставете млеко, посолете, додајте шеќер, издробен квасец и мешајте со жица за матење. Во поголем сад ставете брашно и посолете го. Кога содржината од тенџерето ќе се загрее, додајте ја во садот со брашно и измешајте со лажица, па замесете тесто со раце. Прекријте со кујнска крпа и оставете да нарасне.
- Сушениот домат исечете го на парчиња. Сирењето издробете го со вилушка и додајте во садот со домати. Додајте босилек и измешајте. На побрашнета работна површина премесете го нараснатото тесто. Исечете го тестото на 8 еднакви делови и од секое парче формирајте топче.
- Од секое топче развлечете кора со пречник од околу 10 см. На правата кора нанесете фил, свиткајте на половина така што ќе добиете облик на полумесечина и краевите притиснете ги со прсти да се залепат. Истата постапка повторете ја со сите кори.
- Намастете тепсија со масло, па ставете ја првата „полумесечина“ од тесто и премачкајте со млеко. На ист начин во тепсијата една до друга наредете ги сите „полумесечини“ и премачкајте ги со млеко.
- Посипете со пармезан и сусам по желба. Печете на 30 минути во рерна загреана на 200 степени.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот