Ледени коцки: Освежувачки брз колач, идеален за секакви прилики

Ледени коцки: Освежувачки брз колач, идеален за секакви прилики

Ледените коцки се фини, сочна чоколадна кора со вкус на бел, млечен крем прелиен со чоколадо.

Состојки:

  • 5 јајца
  • 5 лажици брашно
  • 5 лажици шеќер
  • 1 лажица какао
  • 700 мл млеко
  • 250 гр шеќер
  • 13 лажици брашно
  • 250 гр маргарин
  • 300 мл вода
  • 150 гр шеќер
  • 30 мл сок од лимон
  • 150 гр чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Кора: 5 јајца разматете со 5 лажици шеќер и 5 лажици брашно и додајте 1 лажица какао. Сè соединете и испечете пандишпањ. Печете прво на 180 степени околу 10 минути и уште 5 минути на 220 степени.
  2. Фил: 700 мл млеко згответе со 250 гр шеќер и додајте 13 лажици бршно. Згответе како пудинг. Во изладениот фил додајте еден маргарин и пенасто разматете го кремот.
  3. Прелив: 300 мл вода згответе со 150 гр шеќер и додајте сок од еден лимон.
  4. Кората прелијте ја со прелив и премачкајте ја со крем. Преку сè ставете глазура од чоколадо.
  5. Глазура: 150 гр чоколадо растопете со 2 лажици млеко и една лажица масло.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text