Брза и вкусна салата која ќе ви даде енергија во текот на денот, а ќе ви помогне да ја одржите линијата.
Еве го рецептот на Ангела Велинова:
Состојки за салата:
- 1 марула салата
- 1 краставица
- 2 домати
- 1 младо кромидче
- 2 варени јајца
Состојки за сос:
- 1 кесичка мајонез
- 1 кесичка сенф
- 1 кесичка пармезан
Начин на подготовка:
- 8,9 листови од марулата убаво измијте ги и исечкајте/искинете ги на мали парчиња. Ставете ги во голем сад.
- Истото го правите и со краставицата, доматите и младото кромидче.
- Двете варени јајца исечкајте ги на неколку дела и додадете ги во големиот сад.
- Измешајте ги во посебен сад состојките за сос додека убаво да се соединат.
- Салатата ја преливаме со сосот, а одозгора додаваме пармезан.
Брзо, нели? 🙂
На здравје!
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
„Џумбус салата” – вкус за прави гурмани
Различна од другите посни салати: Нова салата со боранија
Ладна салата од варени јајца: Најубавиот рецепт од Далечен исток
Салата која ги надминува сите други – тајната е во преливот
Крем салата која е идеална за ручек но и свеченост – Нов вкус со печурки
Кралица на зимата: Посна салата со карфиол и многу зачини
Салата со кисела зелка за 10 минути – Еден додаток ја прави специјална
Се јаде и во лето и во зима: Нова салата која ќе ја правите секој ден