Деликатес: Пржени јајца во доматен сос

Деликатес: Пржени јајца во доматен сос

За оние кои поради одредени причини не постат периодов, нудиме супер начин да се почне денот или пак супер мезе.
Јајца во доматен сос, ова е деликатес кој вреди да се проба.

Состојки:

  • 500 гр. домати
  • 4 јајца
  • 1 дл. маслиново масло
  • магдонос
  • сол
  • бибер

 

Начин на подготовка:

  1. Се става масло на загреана тава, па кога ќе се загрее се додаваат сечените домати, се става сол и бибер и се пржат.
  2. При крајот кога ќе омекнат, се кршат јајцата во тавата, се става сол и бибер и се остава да се испржат убаво.
  3. Ставете магдонос горе.

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Сакате совршено пржени јајца?

ВИДЕО: Дали досега погрешно сме ги пржеле јајцата?

ВИДЕО: Шест одлични готварски трикови

ВИДЕО: Готварски трик – како одеднаш да излупите 3 варени јајца

Ги чувате јајцата на вратата од фрижидерот?

ВИДЕО: Ова се прави од картон од јајца

Мафини со јајца на око

Печени јајца со сос