Посни кифлички за големиот пост. Вкусно, брзо и ароматично тесто од вашата кујна.
Состојки:
- 1 кг. брашно
- 40 гр. квасец
- 500 мл. кисела вода
- 2 дл. масло
- 2 лажички шеќер
- 2 лажички сол
- 1 ванилин шеќер
- 1 кора од лимон
- 100-150 гр. маргарин посен
- пекмез или џем
Начин на подготовка:
- Брашното се просејува, се става сол, па се прави дупка на средина и се става квасец, ванилин шеќер, шеќер, масло и кисела вода, со рендана кора од лимон.
- Се замесува тесто и се остава да стои за да нарасне, па се премесува. Се дели на три дела и секој се развлекува во правоаголник, па се премачкува со малку посен маргарин и се остава да стои 10 минути, како што е прикажано во видеото.
- Повторно се развлекуваат тестата, се сечат триаголници, се филуваат со џем или пекмез и се што сакате по избор, па се оставаат да стојат додека не се загрее рерната, а потоа се печат на 200 степени додека не поруменат.
- Ставете им шеќер во прав.
Целосната подготовка во продолжение:
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Топли и ароматични триаголници со кашкавал