Пилешки мафини со сирење – вкусно јадење „за носење“

Пилешки мафини со сирење – вкусно јадење „за носење“

Пилешките мафини се едноставни за подготовка, може да се послужат како прилог, во главно јадење наместо леб, со домашна супа за доручек и во многу други комбинации, а што е најважно лесно се сервираат и се одличен избор за јадења „за носење“.

Состојки:

  • 100 гр пилешко филе
  • 2 јајца
  • 3 лажици немасно сирење или јогурт
  • 6 лажици пченкарно брашно и бело брашно по потреба
  • 100 гр рендано тврдо сирење
  • зачини по желба

Начин на подготовка:

  1. Кратко пропржете тенко исечкани парчиња пилешко филе, и ситно исечкајте ги во мали коцки. 
  2. Разматете јајца, додајте сирење или јогурт, потоа додајте пченкарно брашно/палента и зачини по желба и сè добро измешајте. 
  3. Кога смесата ќе стане компактна додајте пилешко и повторно кратко измешајте, доколку смесата е премногу ретка додајте бело брашно. 
  4. Смесата излијте ја во калап за мафини, потоа посипете со рендано сирење и печете 20 минути на 200 степени. Мафините се готови кога благо ќе поруменат.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text