Од една смеса безброј колачиња: Лесен видео рецепт за мини мафини

Од една смеса безброј колачиња: Лесен видео рецепт за мини мафини

Колач кој веднаш ќе исчезне од маса, а лесно и брзо се прави и може да се експериментира со него.Од една смеса многу колачиња со мед и кикиритки.

Состојки:

  • 150 гр. маргарин 
  • 200 гр. путер од кикиритки 
  • 4 лажици мед 
  • 1 јајце 
  • 200 гр. мелени бисквити 
  • 1 лажичка цимет по избор 
  • 3 полни лажици брашно 
  • ½ лажиче сода бикарбона
  • 100 гр. чоколадо за готвење за глазура 
  • 200 гр. кикиритки несолени за глазура

 

Начин на подготовка:

  1. Се матат маргаринот со путерот од кикиритки и мед, па се додава јајце, цимет и брашно, половина бисквити и потоа уште половина. 
  2. Матете постојано и додајте ја и содата на крај. 
  3. Направете од смесата мали топчиња, премачкајте калап за мали мафини, и ставете ги топчињата. 
  4. Стиснете со капак од шише, направете вдлабнатина, ставете парче чоколадо и кикиритки кои треба да се измелени. 
  5. Печете на 170 степени 25 минути.

 

Ова е видеото со деталната подготовка на колачињата:

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Тече чоколадо, а врз него малини

Брзи корнфлекс корпи

Брзи пуслици

Алва торта

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

„Катица“ торта