Додека трае Велигденскиот пост, сите се обидуваме да најдеме интересни и вкусни рецепти, за да не биде еднолична храната додека потиме.Направете вкусна посна торта за брзо време.
Состојки:
- 600 мл. природен сок од портокал
- 3 лажици шеќер
- 80 гр. пудинг со ванила
- 250 гр. посен маргарин
- 200 гр. желе
- 200 гр. ореви
- 100 гр. посно чоколадо
- 500 гр. посни бисквити
Начин на подготовка:
- Се меша пудингот со шеќерот и се додава малку сок за да нема грутки, а остатокот од сокот се става да врие и се вари во него пудингот и се меша додека не згусне.
- Се додава исечен маргарин и се меша да се стопи, па се трга од оган да се лади смесата.
- Исечете ги желе бонбоните, чоколадото и оревите, а бисквитите ситно искршете ги или изронете ги.
- Ставете ги бисквитите во голем сад со пудингот, желе, ореви и чоколадо и измешајте.
- Полека мешајте од долу нагоре за да се соедини.
- Ставете ја смесата во фолија и израмнете, па оставете да се стегне преку ноќ во фрижидер.
- Утредента ставете го на чинија, па растопете 150 гр. чоколадо со 3 лажици масло во микро околу 15 секунди и ставете го ова горе како глазура.
Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:
Тече чоколадо, а врз него малини