Рецептот е толку едноставен што за миг ќе уживате во неодоливите залаци!
Состојки:
- 1 леб
- 5 лажици путер
- 2 лажици маслиново масло
- 3 чешниња лук
- оригано
- 1 шолја моцарела сирење
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Исечете го лебот на парчиња со дебелина од 2,5 – 5 см.
- Во мал сад измешајте путер, маслиново масло, лук, оригано, сол и бибер. Распоредете рамномерно по парчињата леб.
- Наредете ги во намастен лим за печење и внимателно печете под горниот греач околу 5 минути, односно додека малку не поруменат.
- Извадете ги од печка, посипете со изрендано сирење моцарела и печете ги уште 2-3 минути додека сирењето не се растопи.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот