Посна погача со компир – убаво изгледа, а вкусот е фантастичен

Посна погача со компир – убаво изгледа, а вкусот е фантастичен

Има преубав вкус и изглед. Можете да ја јадете топла или откако ќе се излади – ќе бидете воодушевени!

Состојки:

  • 40 гр квасец
  • 400 мл млака вода
  • 700-800 гр брашно
  • 2 лажички сол
  • 2 лажички шеќер
  • 100 мл масло
  • 4 средни компири
  • 150 гр посен маргарин
  • 3-4 лажици посен мајонез
  • сусам

Начин на подготовка:

  1. Компирите згответе ги во лушпа и оставете ги да се изладат. 
  2. Во вангла издробете квасец, измешајте со шеќер, 3 лажички брашно и 100 мл млака вода. Оставете на топло да надојде. Потоа додајте го остатокот од водата и маслото, измешајте па додајте брашно. Прво помала количина, измешајте со лажица, додајте сол па остатокот од брашното. Оставете да надојде околу 30 минути. 
  3. Тестото премесете го и поделете го на 8 помали јуфки, секоја развлечете ја тенко. На кружна тепсија ставете хартија за печење или намастете со маргарин, редете кора, малку рендан компир, неколку лажици растопен маргарин, сол и така сè до крај. 
  4. Засечете ја погачата на неколку места и оставете да надојде. Премачкајте со мајонез, посипете со сусам, може и рузмарин и печете на 200 степени околу 40 минути.

 

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

singlepost_text