Пире од спанаќ и компир – Нов вкус кој сите ќе го сакаат

Пире од спанаќ и компир – Нов вкус кој сите ќе го сакаат

Со овој рецепт спанаќ ќе почнат да јадат и сите кои не го обожуваат. Особено е вкусен за децата, а може да го направите и во посна и вегетаријанска варијанта.

Еве го рецептот на Билјана:

Состојки:

  • 1/2 кг спанаќ
  • 1/2 кг компири
  • 50 гр путер
  • 200 мл млеко
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Во посебно тенџере со вода се вари спанаќот кој претходно убаво сте го исчистиле од дршките и сте го измиле. Откако ќе зоврие водата оставете го помеѓу 7 и 10 минути.
  2. Во друго тенџере со вода се вари компирот кој претходно е излупен и поминат низ млаз вода. Откако ќе зоврие водата оставете го помеѓу 20 и 30 минути, односно додека целосно да омекне.
  3. Сварените компири и спанаќ се цедат од водата и се ставаат во едно од тенџерињата кои претходно ги користевме. Оставете ги кратко да се оладат, околу 10 минути.
  4. Убаво испасирајте ги со пасер за пире додека да добиете хомогена смеса, без грутки..
  5. Во другото тенџере ставете го путерот на оган да се растопи. Додадете ги испасираните компир и спанаќ и измешајте. Ставете го и млекото, како и солта и биберот. Мешајте додека убаво да се соедини смесата. Потоа тргнете го од оган и послужете.

Напомена: Ако сакате да го направите ова многу вкусно пире во посна или вегетаријанска варијанта, наместо путер ставете посен маргарин, а наместо млеко ставете млака вода.

На здравје!

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Потпечено пире – Ручек кој ќе го надмине и вкусот на пржените компири

Кремасто и без грутки: Компир пире со сирење и лук

Ароматично пире од карфиол

Поховани топчиња со сирење од компир пире

Со овој трик ќе подготвите најкремаво пире – Нема да има ни грутка

Најкремастиот прилог на светот: Запечено компир пире од рерна

Стар начин на подготовка на костен пире: Вкусен и здрав десерт, а готов за миг!

Со години сите правиме пире, а оваа тајна не сме ја знаеле

singlepost_text