Видео: Лепези од тесто со богат фил од сирење – Полна тепсија за старт на викендот

Видео: Лепези од тесто со богат фил од сирење – Полна тепсија за старт на викендот

Вкусни лепези од тесто со сирење кои лесно се прават, а вкусот и мирисот ќе ги повикаат сите на трпеза.

Состојки за тесто:

  • 800 гр брашно и 150 гр за премесување
  • 40 гр квасец
  • 150 мл млако млеко
  • 200 мл млака вода
  • 150 гр кисела павлака
  • 2 лажички шеќер
  • 2 лажички сол
  • 150 гр маргарин растопен
  • 1 јајце

Фил:

  • 400 гр сирење
  • 1 јајце
  • 1 јајце и за премачкување
  • 3 лажици млеко за премачкување
  • Сусам за горе

Начин на подготовка:

  1. Се рони квасецот, се додаваат шеќерот и две лажици брашно и се матат со малку топло млеко.
  2. Се остава десет минути да нарасне квасецот.
  3. Во вангла ставете 400 гр брашно со сол, додајте го нараснатиот квасец, киселата павлака, растопениот маргарин и јајцето, па млака вода и замесете едно поретко тесто.
  4. Додавајте го остатокот од брашното постепено, додека да го потрошите целото.
  5. Покријте со крпа и оставете да нарасне 30 минути.
  6. Повторно премесете со малку брашно, па поделете го тестото на два дела. Формирајте топки, оставете ги 30 минути да отстојат, па развлечете ги.
  7. Ставете сирење со јајце и сол, па поклопете како што е прикажано на видеото.
  8. Ставете на тепсија со хартија и премачкајте ги со јајце и млеко, па ставете сусам.
  9. Печете на 200 степени на претходно загреана рерна, 25 минути.

Ова е целосниот и детален рецепт:

 Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Топли и ароматични триаголници со кашкавал

Појадок за 20 минути – Пица мафини

Само матите и ставате во калап – мафини за појадок

Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен

Солена торта со палачинки

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

singlepost_text