Вкусни полнети колачиња од вашата кујна

Вкусни полнети колачиња од вашата кујна

Ако ви се пријаде благо, а ви здодеа од вообичаените десерти, тогаш ова е рецептот за вас.Направете прекрасни полнети колачиња за сечиј вкус.

Состојки:

  • 1 јајце
  • 125 гр. путер
  • 200 гр. брашно
  • 1 кесе ванилин шеќер
  • 3 лажици шеќер во прав
  • 100 гр. нутела
  • 100 гр. малини

 

 

Начин на подготовка:

  1. Се мати со миксер јајцето во сад, се додава ванилиниот шеќер и шеќерот во прав, па брашното. Се соединуваат состојките во тесто.
  2. Се остава на ладно во фрижидер 15 минути, па се развлекува малку и се прават мали кругови.
  3. На една половина од круговите се става нутела и малини, па се покрива таа половина со другата од тестото.
  4. Се притискаат со виљушка за да се затворат и се печат 15 минути на 200 степени.

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Тече чоколадо, а врз него малини

Брзи корнфлекс корпи

Брзи пуслици

Алва торта

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

„Катица“ торта

singlepost_text