Неодоливи, крцкави солени стапчиња – ќе ги обожавате (Видео)

Неодоливи, крцкави солени стапчиња – ќе ги обожавате (Видео)

Рецепт кој сигурно ќе ви се допадне. Крцкави и солени стапчиња, се прават лесно и брзо, а уште побрзо се јадат!

Состојки:

  • 300-400 гр брашно
  • 1/2 прашок за печиво
  • 100 гр маргарин
  • 100 гр кисела павлака
  • 50 мл јогурт
  • сол
  • 2 јајца
  • семки

Начин на подготовка:

  1. Марагаринот, павлаката и јајцата разматете ги со миксер, додајте јогурт, брашно, прашок за печиво и малку сол. Сè убаво измесете со раце да добиете глатко, меко тесто. 
  2. Развлечете со сукало на половина сантиметар и пресечете на стапчиња. Премачкајте со жолчка, посипете со семки. Печете на 200 степени околу 15 минути. 
  3. Одлични се со пиво, за грицкање, од надвор крцкави, а од внатре меки. Уживајте!

 

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

singlepost_text