Брза, лесна и вкусна салата со печурки која често ќе ви се најде на трпезата.Ова е рецептот:
Состојки:
- 500 гр. печурки
- 2-3 листа целер
- 1 главица кромид
- 5 чешни лук
- маслиново масло
- оцет
- магдонос
- сол
Начин на подготовка.
- Измиените и ситно исечени печурки се варат во солена вода со целер.
- Се вадат кога ќе омекнат и добро се цедат.
- Се прави сос од ситно сечен лук со кромид, сол, оцет и маслиново масло, магдонос и сето тоа се меша со печурките.
- Се сече и кромидот на кругови и се става во садот.
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула