Ладна салата од варени јајца: Најубавиот рецепт од Далечен исток

Ладна салата од варени јајца: Најубавиот рецепт од Далечен исток

Може да биде и одличен новитет на славската трпеза, а идеална е и како ладно предјадење.

Состојки:

  • 8 јајца
  • 400 гр аспарагус
  • 100 гр праз
  • 100 гр мајонез
  • 500 гр компот од ананас
  • 1 лажица кари
  • неколку листови зелена салата
  • црвена зелка
  • малку маслиново масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Во сад измешајте мајонез, кари, сол, бибер и сок од компот. Сè заедно добро разматете и ставете на страна.

     

  2. На чинија за сервирање наредете измиени листови салата и на нив наредете ред јајца, праз исечкан на кругови, аспарагус и коцки ананас.

     

  3. Салатата зачинете ја со малку маслиново масло, по желба додајте сол и сè заедно прелијте со подготвениот сос од кари.

 

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата