Посни лепињи со маслинки и лук – Појадок кој шири неодолива арома

Посни лепињи со маслинки и лук – Појадок кој шири неодолива арома

Направете супер вкусни и брзи лепињи кои се идеални за постот. Имаат совршена арома со маслинки и лук.

Состојки:

  • 500 гр. брашно 
  • 4 дл. млака вода 
  • 20 гр. квасец 
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче шеќер 
  • 5 лажици маслиново масло 
  • 100 гр. маслинки 
  • 5 чешни лук

 

 

Начин на подготовка:

  1. Во чинија за мешање се дроби квасецот со малку вода, па се додаваат брашното, сол, шеќер, масло и водата, па се соединува се со жица и се остава 30 минути. 
  2. Ќе добиете едно поретко тесто. 
  3. Маслинките додека нараснува тестото ситно исечете ги. Можат да бидат и црни и од оние со пиперка, по вкус, а исто така исчистете го и лукот и иситнете го. 
  4. Тестото ставете го на набрашнета работна површина, развлечете го со рацете, ставете маслинки и лук, па премесете го. 
  5. Поделете го на пет делови за пет вкусни лепињи. 
  6. Ставете хартија за печење на плех и наредете ги лепињите. 
  7. Нека одморат вака 15 минути па печете на 220 степени 20 минути додека не поруменат убаво. 
  8. Уживајте

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Топли и ароматични триаголници со кашкавал

Појадок за 20 минути – Пица мафини

Само матите и ставате во калап – мафини за појадок

Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен

Солена торта со палачинки

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета