Едноставни се за подготовка, а резултатот е најкрцкавите пилешки гради кои некогаш сте ги пробале!
Состојки:
- пилешки гради
- сирење (гауда, трапист, чедар…)
- млеко
- крекери
- масло
- сол
- бибер
- количините одредете ги сами по потреба
Начин на подготовка:
- Измијте го пилешкото, исечете го на парчиња, па исушете го. Крекерите сомелете ги, посолете и побиберете, па измешајте.
- Подгответе млеко и изрендајте сирење. Сите состојки ставете ги во посебни садови.
- Пилешките гради прво добро потопете ги во млеко, потоа извалкајте ги во изрендано сирење, а потоа во мелени крекери. Наредете ги во намастен огноотпорен сад и дополнително посипете со малку крекери.
- Покријте ги со алуминиумска фолија и оставете ги да се печат на 200 степени 35 минути. Потоа тргнете ја фолијата и оставете да се печат уште 10 минути.
Добар апетит!
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна