Посна мимоза салата – Ви требаат три чинии и малку време

Посна мимоза салата – Ви требаат три чинии и малку време

Одличен оброк, прилог или предјадење за време на постот.

Посна мимоза салата со која добриот вкус е загарантиран.

Состојки:

  • 300 гр. посен мајонез 
  • 2 варени компири 
  • 1/2 кромид 
  • 3 варени моркови 
  • 1 чешне лук 
  • 300 гр.  зелка 
  • Масло 
  • оцет 
  • сол 
  • бибер

 

Начин на подготовка:

  1. Ни требаат три чинии во кои се прави салатата на три дела. 
  2. Во првата чинија се сече компирот кој го вариме и лупиме, се сече и кромидот ситно, се ставаат зачини, масло и оцет. 
  3. Во втората чинија се сече варениот морков на кругови, се ситни лукот, се додаваат масло и зачини. 
  4. Во третата чинија се става рендана зелка, масло, оцет и сол и бибер. 
  5. Се зема голем сад и се реди смесата од првата чинија со компир, па псоен мајонез, морковите, па мајонез и зелка па мајонез. Мајонез се става по 100 грама на слој.

 

Уживајте.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text