Готов за 10 минути, без печење: Посен банана колач кој се прави на многу начини

Готов за 10 минути, без печење: Посен банана колач кој се прави на многу начини

Сочен, превкусен, брз и лесен за подготовка. Буквално ви требаат 10 минути од вашето време за да направите вкусен посен колач.Ова е супер идеја и за изненадни гости.

Со него може да се менуваат вкусови, наместо банана во средината може да има суво грозје, суви смокви, некое друго овошје, желе, се што ќе ви падна на памет.

 

Состојки:

  • 500 гр. посни мелени бисквити 
  • 250 гр. посен маргарин 
  • 2 јаболка 
  • 4 банани 
  • 150 гр. шеќер во прав

 

Начин на подготовка:

  1. Маргаринот се топи, се меша со шеќерот во прав и со бисквитите кои треба да се измелени. 
  2. Се рендаат на ренде јаболката и две банани. Се меша и се соединува, а тука по избор може да додадете како што рековме и нешто друго по вкус (желе, суви смокви, суви кајсии, овошје). 
  3. Ставете ја половина смеса во калап, на на средината ставете две банани по должина, па другиот дел од смесата горе. 
  4. Се прави ролат, така што бананите треба да се на средина. 
  5. Стегнете во фрижидер и украсете по желба.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

20 минути без печење – сникерс бајадера

Сникерс обланди

Сникерс корпички

Сникерс чизкејк

Колач со банани ореви и еурокрем

Не ви требаат вага и миксер – кокос колач

Мешате, растопувате и имате десерт: Кокос триаголници

singlepost_text