Мусаката направена од рендан компир има специфичен вкус кој нема никаква врска со обичната мусака.
Јадењето се прави лесно, единствено малку повеќе време одзема рендањето на компирите.
Состојки:
- 1 кг компири
- 400 гр фаширано месо
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 2 јајца
- 1 шолја млеко
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка магдонос
- 1 лажичка мајчина душица
- 2 лажици масло
Начин на подготовка:
- Пропржете сечкан кромид и лук на масло. Додајте месо, измешајте го со кромидот и сè заедно пржете уште 5 минути.
- Подгответе разматени јајца со млеко и суви зачини.
- Во плех во кој ќе ја печите мусаката, изрендајте половина од исчистениот компир, потоа ставете го подготвеното месо, па од горе другата половина рендан компир и сè прелијте со прелив од млеко, јајца и зачини.
- Мусаката поклопете ја со фолија и печете 30 минути во рерна загреана на 200 степени, а потоа, без фолија уште 15-20 минути на 180 степени.
Добар апетит!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт