Направете вкусни посни ќофтиња од грав.Ова е брзиот и вкусен рецепт:
Состојки:
- 300 гр. грав
- масло
- 1 кромид
- сусам
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Земете количина на грав колку што сакате да направите ќофтиња, во зависност од тоа колку лица ќе јадат.
- Обарете го гравот, исцедете го, па испасирајте го.
- Ставете му сол и направете ќофтиња.
- Пржете го кратко кромидот на масло, ставете сол и бибер и распоредете го убаво кромидот, а преку него ставете ги ќофтињата, па сусам.
- Испечете ги од двете страни.
Повеќе поврзани рецепти на Gotvi.mk:
Деликатесни ќофтиња со маслинки
Поховани ќофтиња кои ќе ви станат омилени