Кога еднаш ќе го направите, ќе го правите одново и одново…
Состојки:
- 600 гр компири
- 200 гр кисела павлака
- 1 поголема главица кромид
- 2 зелени пиперки
- 1 поголем домат
- малку кашкавал
- масло
- 1 лажичка црвена пипер
- малку зачин
- 4 чешниња лук
Начин на подготовка:
- Кромидот исечкајте го, пропржете го, па додајте исечкана пиперка. Кога малку ќе се издинста додајте сечкан домат и сè заедно малку издинстајте. Додајте зачини.
- Компирите обварете ги малку, околу 5-6 минути, па исчете ги на коцки. Додајте пипер, зачин и сечкан лук. Додајте малку масло и кисела павлака и сè изедначете. На дно од сад за печење ставете малку пржен кромид и пиперка, од горе распоредете обварен компир, потоа пиперки и кромид.
- Сè убаво распоредете, па изрендајте малку кашкавал. Печете 30-35 минути убаво да порумени. Сервирајте со салата. Компирите се неодоливо добри, секој залак е уживање!
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт