Мирисно пилешко со компир

Мирисно пилешко со компир

За ручек или вечера, ви предлагаме мирисно пилешко со компир!

Состојки:

  • 2 половини пиле
  • 2 кг компири
  • 1 дл масло
  • 2 лажички сол
  • 2 лажички црвена пипер
  • 2 лажички куркума
  • 1 лажичка лук во прав
  • 1 лажичка мешавина од зачини
  • 4 лажици пармезан

Начин на подготовка:

  1. Измешајте масло со сите зачини. Рерната загрејте ја на 200 степени. Во голем плех ставете го пилешкото и од сите страни премачкајте го со добиената мешавина од зачини. 
  2. Останатата мешавина прелијте ја преку компирите кои сте ги исчистиле и сте ги исекле на коцки. 
  3. Добро измешајте па распоредете ги компирите околу пилешкото. Печете 80 минути, додека пилешкото убаво не се запече, а компирот не биде мек.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте