Вкусна тава со макарони и спанаќ, идеална за постот.Брзо и лесно јадење, ова е рецептот:
Состојки:
- ½ кг. макарони
- 1 кг. спанаќ
- 1 главица кромид
- 1 морков
- 1 парче целер
- ½ шолји масло
- бибер
- сол
Начин на подготовка:
- Спанаќот се обарува, се цеси и ситно се сече.
- Ситно исечениот кромид со целер и исечениот морков се пржи на тава со масло, па потоа се става вода и се динстаат.
- Се додава спанаќ, сол, бибер и се крчка.
- Макароните се варат во солена вода, се цедат и мешаат со зеленчук.
- Се става се во тава и се запекува на 200 степени околу 10 минути.
Повеќе на Gotvi.mk:
Макарони со пилешко – кремава тава
Ваков деликатес со макарони не сте јаделе