Кремаст чоколаден колач со банана и јогурт (Видео)

Кремаст чоколаден колач со банана и јогурт (Видео)

Ако сте љубител на банани, овој колач сигурно ќе ви се допадне!

Состојки:

  • 3 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 4 лажици брашно
  • 2 лажици какао
  • 50 мл масло
  • 50 гр суво грозје
  • 50 мл јогурт
  • 1/2 кесичка прашок за печиво
  • 1/2 л млеко
  • 3 банани
  • 2 пудинга од ванила
  • 150 гр чоколадо

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца со 4 лажици шеќер, додајте брашно, какао, прашок за печиво, суво грозје, јогурт, масло и сè добро измешајте. Излејте во плех и печете на 200 степени 25 минути.
  2. Кога ќе се излади пресечете го бисквитот на половина по должина. Пудингот згответе го на млеко, додајте шеќер по желба, додајте 50 гр чоколадо да се растопи.
  3. На првиот пресечен дел ставете половина од пудингот па наредете цели банани и од горе другата половина и сè убаво израмнете. Растопете чоколадо па прелијте преку колачот и оставете да стегне.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед