Кога еднаш ќе ги пробате, ќе посакате да ги правите секој ден!
Состојки:
- 300 мл млеко
- 1 лажица павлака
- 500-600 гр брашно
- 2 јајца
- 20 гр квасец
- 1 лажица шеќер
- малку сол
- масло
Состојки за фил:
- павлака
- кашкавал
- сланина
- магдонос
- 3 чешниња лук
- 1 лажица маслиново масло
Начин на подготовка:
- Потопете го квасецот во млако млеко, додајте шеќер и јајца па разматете со жица. Додајте го остатокот од млекото, лажица павлака и малку брашно, потоа сол и остатокот од брашното и замесете средно глатко тесто. Поклопете и оставете половина час на топло.
- Превртете го тестото на маса и издвојте топчиња, па со раце притискајте и формирајте лепињи со големина на чинија. Пржете ги на умерена температура во масло. Вадете на хартиени салфети.
- Премачкајте со павлака, посипете со рендан кашкавал, сечкана сланина и магдонос. Издробете лук, па додајте маслиново масло па со четкичка премачкајте ги рабовите.
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт