Ананасот го надополнува вкусот на секое јадење, без да го наруши вкусот на останатите намирници…
Состојки:
- 400 гр бело чоколадо
- 4 лажици мед
- 50 гр ситно сечкан кандиран ананас
- 50 гр сечкана брусница
- 50 гр папаја
- 50 гр суви, ситно сечкани кајсии
Начин на подготовка:
- На слаб оган растопете чоколадо и мед. Штом се растопи, додајте исечкано суво овошје. Измешајте и оставете малку да се излади. Целата смеса ставете ја во целофан и обликувајте по желба. Оставете да се излади и чоколадото да стегне.
- Сечете на тенки парчиња. Во зависност од вашата желба, суво овошје можете да додадете и во друга грамажа, важно е да бидат 200 гр вкупно.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта