Посна пита со многу зеленчук – Повкусна од она со сирење, спанаќ или месо

Посна пита со многу зеленчук – Повкусна од она со сирење, спанаќ или месо

Направете вкусна посна пита со многу зеленчук. Супер вкус и арома. Навистина прекрасен рецепт

Состојки:

  • 500 гр компири
  • 500 гр моркови
  • 500 гр кисела зелка
  • 500 гр спанаќ
  • 500 гр посни кори за пита
  • малку сечкани печурки
  • 200 гр кромид
  • мала шолја масло
  • бибер
  • сол
  • вегета

Начин на подготовка:

  1. Во тава со масло се динста кромидот со печурките, излупените и исечкани компир и морков, па зелката исечена на ситни делови,
  2. На крај се додава сечканиот, исчистен и обарен спанаќ. Се става сол и бибер и вегета и на овој начин добивате фил
  3. Се реди филот врз корите за пита, на ист начин како кај секоја друга пита. Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути. Можете да ги виткате корите со филот во форма на ролнички.

Добар апетит!

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Пржена пита деликатес

Топли и ароматични триаголници со кашкавал

Појадок за 20 минути – Пица мафини

Само матите и ставате во калап – мафини за појадок

Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен

Солена торта со палачинки

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

singlepost_text