Уште еден десерт кој се подготвува брзо и е вистински украс на сите свечени трпези.
Состојки:
- 200 гр мелени лешници
- 200 гр рендано чоколадо
- 2 кесички ванилин шеќер
- 2 белки
- 3 лажици екстракт од лешник
Состојки за прелив:
- 150 гр чоколадо
- 50 гр путер или маргарин
- 1 лажичка масло
Начин на подготовка:
- Измешајте мелени лешници, рендано чоколадо, ванилин шеќер, белки и екстракт од лешници и од добиената смеса правете бомбици.
- За преливот, на слаб оган растопете ги наведените состојки, изладете и прелијте ги направените бомбици.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта