Вкусен посен ролат со ајвар кој може да го приготвите за појадок, вкусно мезе или вечера.
Ова е рецептот:
Состојки:
- 200 мл кисела вода
- 8 лажици брашно
- 2 лажички прашок за пециво
- 4 лажици ајвар
- малку сол
Фил:
- посен мајонез
- растителен кашкавал
- 2-3 кисели краставички
Начин на подготовка:
- Се соединуваат убаво со лажица сите состојки за кора, се ставаат во плех и се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20-30 минути.
- Печената кора се става во малку влажна крпа.
- Кога ќе се олади, се премачкува со посен мајонез, се ренда растителниот кашкавал одозгора, се редат сечканите кисели краставички, па се витка ролат.
- Готовиот ролат по желба може да го украсите со посен мајонез, растителен кашкавал и сечкан магдонос.
- Оставете го да се стегне во ладилник, па послужете.
Добар апетит!
Прочитај повеќе на Gotvi.mk: