Пилешко со зеленчук на кинески начин

Пилешко со зеленчук на кинески начин

За следниот ручек ви предлагаме вкусно пилешко подготвено на кинески начин.

Состојки:

  • 1 тиквица
  • 1 домат
  • 1 главица кромид
  • 2 моркови
  • 3 чешниња лук
  • 400 гр пилешки гради, исечкани на коцки
  • 3 лажици соја сос
  • 2 лажици маслиново масло
  • бибер
  • сол
  • 1 лажичка ѓумбир
  • 1 коцка супа
  • ориз

Начин на подготовка:

  1. Исечете го кромидот на ленти, тиквиците на коцки, доматот на коцки, лукот ситно и морковите исто така на коцки. 
  2. На маслиново масло пропржете лук па додајте го пилешкото и соја сосот. 
  3. Пилешкото мешајќи пропржете го додека не побели, па додајте кромид, тиквици, морков и домат. 
  4. Сè добро измешајте, додајте коцка супа, сол и ѓумбир, повторно измешајте, па продолжете со динстање додека зеленчукот не биде готов, што е од прилика 15-20 минути. 
  5. Згответе ориз, измијте гоп и исцедете го па измешајте со остатокот од месото или послужете одвоено.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text