Различно од мусака, пржен компир и тестенини: Нова ручек идеја

Различно од мусака, пржен компир и тестенини: Нова ручек идеја

Нешто ново и вкусно, поразлично од обичен ручек од кисела зелка или било кој компир деликатес. Направете комбинација од пире компир со зелка, и вкусни колбаси.

Навистина е супер спој, а шири неверојатна арома. Еве го рецептот:

Состојки за зелка:

  • 1 кг кисела зелка
  • 1 главица кромид
  • 3 моркови
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка бибер
  • 2 лажички црвен пипер
  • 1 лажичка шеќер

Состојки за компирите:

  • 10 компири
  • 1 лажичка сол
  • 50 гр маргарин
  • 1/2 дл млеко
  • 1 кг Пекабеско колбаси

Начин на подготовка:

  1. Зелката се ренда, а доколку мислите дека е премногу кисела, може претходно да ја исплакнете во вода.
  2. Се чисти и сече кромидот на коцки, се чистат и рендаат морковите, а потоа се пржат заедно во тава околу 5 минути, додека да омекнат.
  3. Се додава и зелката, како и зачините и шеќерот, па се пржи заедно дополнителни 10 минути. На овој начин ја добивате смесата со зелка.
  4. Компирот се лупи и се остава да се вари во солена вода. Се цеди, се додава со маргаринот во еден сад, па се мати додека да се соедини. Во меѓувреме се додава малку сол и млекото, па убаво се мати со миксер за пирето да нема грутки.
  5. Во длабока тепсија распоредете: на краевите од смесата со зелка, а во средината од смесата со пире, а одозгора ставете ги колбасите.
  6. Избоцкајте ги колбасите за да можат да се испечат и внатре.
  7. Печете во загреана рерна на 200 степени додека да поруменат колбасите.

На здравје!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Богата пита со кисела зелка

Ослабете и бидете фит со зелка

Компир кој стана популарен

Трик за совршено печен компир

Плескавици од компир

Компир пита со праз

Повеќе од компир деликатес

Рецепт за најкремастото пире од компири