Колач од стар леб, прсти да излижеш: Совршена комбинација од вкусови

Колач од стар леб, прсти да излижеш: Совршена комбинација од вкусови

Од остатоците од лебот и уште неколку состојки, направете превкусен колач!

Состојки:

  • 500 гр стар леб
  • 4 јајца
  • 500 мл млеко
  • 125 мл слатка павлака
  • 100 гр путер
  • 70 гр шеќер
  • 1 лажица цимет
  • 50 гр суво грозје

Начин на подготовка:

  1. Лебот исечете го на крупни коцки. Разматете јајца, додајте млеко и слатка павлака. Во друг сад или во подлабока чинија ставете путер кој малку омекнал на собна температура, додајте шеќер и цимет па соединете со помош на вилушка (ќе се направат трошки). 
  2. Половина од исечениот леб ставете го во плех, преку посипете со половина од трошките од путер и со половина од сувото грозје. Потоа ставете го останатиот леб, повторно трошки путер, па залијте со разматени јајца, млеко и слатка павлака. Посипете со останатото грозје. 
  3. Ставете го плехот во претходно загреана рерна на 200 степени и оставете да се пече околу еден час. 
  4. Послужете топло, со мед, свежо овошје, сладолед…

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text