Вистинска гозба: Пилешко со мед и лук

Вистинска гозба: Пилешко со мед и лук

Ако сте љубител на јадења кои не бараат многу подготовка и кои се спремаат во еден сад, тогаш овој рецепт сигурно ќе ви привлече внимание.

Состојки:

  • 4 парчиња пилешко филе
  • 1/4 мала шолја соја сос
  • 3 лажици мед
  • 3 чешниња лук
  • 1/4 мала шолја исечкан коријандер
  • сок од 1 лимета
  • 1 лажичка sriracha сос
  • сол
  • бибер
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица сусам
  • варен интегрален ориз

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја печката на 220 степени. 
  2. За сосот измешајте соја сос, мед, лук, коријандер, сок од лимета и sriracha сос. 
  3. Пилешкото посипете го со сол и бибер. 
  4. Загрејте масло и печете го пилешкото од секоја страна по околу 2 минути. 
  5. Прелијте го сосот преку пилешкото и печете 20 минути. 
  6. Посипете со сусам, послужете со ориз и уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text