Се јаде и во лето и во зима: Нова салата која ќе ја правите секој ден

Се јаде и во лето и во зима: Нова салата која ќе ја правите секој ден

Направете салата со краставици која може да се јаде и во зима, но и во лето за освежување.

Богатите ноти на зачини само ја надополнуваат прекрасната салата, која не е само за свечена трпеза, туку и за секој ден.

Еве го рецептот:

Состојки:

  • 3-4 краставици
  • 1 јогурт
  • 2-3 лажици павлака
  • вегета
  • копар
  • оригано
  • 1 лажичка сенф
  • 2-3 лажички мед
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Краставиците се лупат, се рендаат и им се става сол. Се оставаат во садот за да ја испуштат водата.
  2. Копарот и ориганото се ставаат во сад со јогуртот, павлаката, сенфот и медот. Се додава и вегета, сол, бибер и зачини по желба.
  3. Во овој сад се додаваат и исцедените краставици, па се меша убаво додека да се соедини смесата.

На здравје!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула