Карамел колачи: Десерт кој ќе ве воодушеви, а се прави за миг (Видео)

Карамел колачи: Десерт кој ќе ве воодушеви, а се прави за миг (Видео)

Со овие состојки можете да правите разни комбинации…

Состојки:

  • 3 шолји шеќер (шолја од 150 мл)
  • 1 шолја млеко
  • 2 големи лажици мелени ореви

Начин на подготовка:

  1. Шолја шеќер ставете во тенџере па на шпорет да се растопи и да се претвори во карамел па тргнете од шпорет. 
  2. Додајте шолја млеко, малку измешајте, па додајте уште 2 шолји шеќер и оставете убаво да се растопи. Оставете да врие со постепено мешање, па додајте 2 лажици мелени ореви. Треба да врие на тивок оган додека не се појават густи бели меурчиња. 
  3. Кога ќе повлечете со лажица по дното на тенџерето, треба да се гледа трага на дното. 
  4. Смесата веднаш потоа излејте ја во плех. Кога малку ќе стегне исечете на парчиња и оставете ги во фрижидер да стегнат. 
  5. Наместо ореви во филот можете да ставите чоколадо или колачите прелијте ги со растопено чоколадо како во рецептот.

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text