По рецепт на големите кулинарски мајстори: Вака се подготвуваат совршени тестенини

По рецепт на големите кулинарски мајстори: Вака се подготвуваат совршени тестенини

Тестенините се омилено јадење на многумина, па не чуди тоа што кулинарските мајстори малку проучуваат како најдобро да ги подготват.

Еве еден рецепт за совршени тестенини!

Состојки:

  • 500 гр тестенини
  • 200 гр брокула
  • 200 гр кељ
  • 200 гр морков
  • 500 гр павлака за готвење
  • 125 гр растопен путер
  • 150 гр изрендано полномасно сирење по желба
  • 300 гр моцарела
  • оригано
  • магдонос
  • црвен кромид
  • лук во гранули
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Во посолена вода згответе тестенини ал денте. Исцедете го вишокот вода, па тестенининте наредете ги на дно од огноотпорен сад. 
  2. Тестенините зачинете ги со сол и бибер. Додајте парчиња варени моркови и брокули, како и бланширан и исцеден кељ. 
  3. Во смесата додајте изрендано сирење по желба – можете да употребите гауда, ајдамер, чедар… Добро измешајте ги сите состојки. 
  4. Преку тестенините прелијте павлака за готвење и растопен путер, па додајте лажичка лук во гранули. Можете да употребите и свеж лук. 
  5. Добро измешајте состојките и прекријте со слој моцарела. 
  6. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу половина час.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text