Обланди со крем банани – од една смеса два ролати

Обланди со крем банани – од една смеса два ролати

Вкусен ролат со обланди и крем банани кој лесно се прави, па поради вкусот и поради лесната подготовка, ќе биде на врвот на вашите рецепти.

Состојки:

  • 2 листа обланда 
  • 9 крем банани 
  • 400 гр. шеќер 
  • 2 дл. вода 
  • 250 гр. маргарин 
  • 100 гр. чоколадо
  • 250 гр. мелени бисквити 
  • 250 гр. мелени ореви

 

 

Начин на подготовка:

  1. Се става шерпа на оган и се ставаат водата и шеќерот да се варат, додека не се растопи шеќерот. 
  2. Се додава маргаринот со чоколадото искршено на коцки, па се чека и тие да се растопат.Се трга од оган смесата, се мешаат внатре и мелените ореви и бисквити, па убаво се
  3. соединува. 
  4. Листовите обланда се замотуваат во мокра крпа, да се омекнат, за да може да виткаме ролат. 
  5. Се зема еден лист, се премачкува со филот, се редат по должина крем банани и се витка ролат. 
  6. Истото се прави и со вториот лист обланда, се става фил и крем банани, па се витка. 
  7. Може да декорирате по вкус, со растопено чоколадо или некој прелив.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта