Нема повкусно месо: Ловечка шницла со сос од печурки

Нема повкусно месо: Ловечка шницла со сос од печурки

Пикантен спој од месо и сос – богат вкус за совршен ручек!

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 4 парчиња свинско месо (по 180 гр)
  • 300 гр шампињони
  • 3 лажици путер
  • сол
  • бибер
  • 50 гр сланина исечкана на коцки
  • 1 лажица брашно
  • 200 мл бујон
  • 200 мл павлака за готвење

Начин на подготовка:

  1. Кромидот излупете го и исечете го на коцки, а шампињоните на листови. Месото измијте го и добро исушете го. 
  2. Загрејте 2 лажици путер или маргарин па месото пржете го од секоја страна по 3-4 минути. Извадете ги шницлите, посолете и побиберете, и ставете во загреана рерна на 75 степени. 
  3. Во маснотијата од пржењето растопете го останатиот путер па пропржете ја сланината. Додајте кромид и динстајте додека не стане стаклест. Измешајте шампињони и пржете уште 5 минути. Посипете со брашно и кратко пропржете. Измешајте бујон и павлака па гответе мешајќи постојано. Посолете и побиберете го сосот и послужете го со топлото месо.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text