За постот ни требаат креативни, вкусни и различни оброци. Вкусни сарми од лозов лист за постот.Ова е рецептот:
Состојки:
- 30-40 лозови листови
- 1 шолја ориз
- 1 морков
- ½ кромид
- масло
- 1 компир (рендан)
- сол
- бибер
- црвен пипер
Начин на подготовка:
- Се ставаат листовите во врела вода да киснат и омекнат.
- Се загрева масло на оган и се пржи ситно сечениот кромид, па оризот и црвениот пипер, и сите останати состојки, компирот кој е излупен, измиен и изрендан, па сол и бибер.
- Се става масло и лозов лист на дното на тава, па се виткаат сарми со смесата и се редат.
- Се покриваат со листови, па се става вода во тавата и се оставаат да се крчкаат на оган.
Прочитај оовеќе рецепти на Gotvi.mk:
Зема кисела зелка и завитка пилешко месо
Оригинален старски рецепт за сарма
Нов вкус на сармата: Хроно сарма
ВИДЕО РЕЦЕПТИ за посни пити, посни салати и риба
Малку време за деликатес: Риба полнета со компир
Поздрава е од што се мислеше – зошто да јадете риба често?
Вкусен риба деликатес од рерна
Зелката не е само за салати и сарма