Панцероти со компири – Вкусно тесто, уште побогат фил

Панцероти со компири – Вкусно тесто, уште побогат фил

Вкусни панцероти со компир и салама. Имаат богат и вкусен фил и неодолива арома.

Состојки:

  • 1 кг. компири 
  • 1 лажиче сол 
  • 1 дл. млако млеко 
  • 1 јајце 
  • 1 прашок за пециво 
  • 250 гр. салама 
  • 100 гр. кечап 
  • 100 гр. кашкавал 
  • оригано 
  • по потреба брашно

 

 

Начин на подготовка:

  1. Се чисти и вари компирот во солена вода, а може да искористите и готово пире од кесе. 
  2. Се мати со миксер компирот и се става млеко и сол, па јајце и прашок за пециво, и малку брашно ако е премногу течна смесата. 
  3. Се замесува тесто кое не треба да се лепи, па се прават мали топчиња и секое се развлекува и се премачкува со кечап, оригано, се става шунка и кашкавал. 
  4. Се замотуваат краевите за да се добие облик на панцерота и се пржат на врело масло.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен

Солена торта со палачинки

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми