Ослич филети со зеленчук во една тава. Направете вкусна риба за постот.
Состојки:
- 600 гр. ослич филети
- 4 домати
- 4 главици кромид
- 4 лажици маслиново масло
- 2 лажици магдонос
- сол
- бибер
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 200 степени, а во меѓувреме измијте го доматот и исечете го на кругови.
- Исчистете го кромидот и исечете го, па наредете во тава со масло домат, па кромид и филети.
- Ставете масло, сол и бибер, па печете ги на 180 степени околу 40 минути.
- Пред служењето додајте магдонос за арома и декорација.
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
Совршен рецепт за риба деликатес
ВИДЕО РЕЦЕПТИ за посни пити, посни салати и риба
Малку време за деликатес: Риба полнета со компир