Чизкејк без печење: Слатки залаци кои морате да ги пробате

Чизкејк без печење: Слатки залаци кои морате да ги пробате

Омилениот десерт во нешто поинаква варијанта – комбинација од путер од кикирики, растопено чоколадо и крем сирење.

Состојки:

  • 10 интегрални крекери
  • 7 лажици растопен путер
  • 650 гр крем сирење
  • 500 гр шеќер
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 400 гр путер од кикирики

Начин на подготовка:

  1. Крекерите иситнете ги со помош на сукало. Измешајте ги трошките со растопен путер. Крекерите би требало да имаат текстура на влажен песок. 
  2. Смесата иситнете ја во калап за торта и ставете ја во фрижидер. 
  3. Во голем сад измешајте крем сирење додека не стане глатко. Во сирењето додајте 300 гр шеќер во прав и добро измешајте. 
  4. Крем сирењето прелијте го преку крекерите и вратете во фрижидер. 
  5. Во одвоен сад измешајте растопен путер од кикирики со останатите 200 гр шеќер во прав. 
  6. Прелијте ја смесата преку сирењето и крекерите и вратете во фрижидер на два до четири часа да стегне. Преку сè по желба прелијте со глазура од растопено чоколадо.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text